Политика за приватност

Последно обновено на 26.06.2020

Правно лице кое е овластено и кое стои зад оваа политика на приватност е НЕБУЛА ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Тетово.

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Небула Инженеринг нема да ги продадава доставените информации од Ваша страна, или било кој дел од информациите, на трета страна.

Барањето кое корисниците го пополнуваат на нашиот сајт при вршење на нарачка бара од корисниците да ни дадат информации за контакт (како име, презиме, име на организација, телефон за контакт, електронска пошта и слично). Овие информации Небула Инженеринг ги користи при контакт во врска со услугите кои ги нуди.

Податоците кои се прибираат преку Небула Инженеринг се користат само за статистички потреби, а не и за следеење на активноста на поединечни корисници. Во случај на криминална истрага, Небула Инженеринг ќе се придржува до важечките закони на РСМ и податоците собрани со активноста на веб страната ќе бидат достапни на органите на прогон само со валиден судски налог.

Заради споредбени анализи, Небула Инженеринг го користи Google Analytics. Преку него постои пристап до следните податоци за посетителите: IP адреса, разгледувач, оперативен систем, датум и време на пристап, реферер (претходно посетена веб-адреса) и посетени веб-страници од сајтот во кои е вметнат кодот од Google Analytics. Овие податоци не се јавно достапни и се користат само за статистички анализи.

Користење на колачиња (Cookies)

Небула Инженеринг директно не користи „колачиња“, но користи сервиси кои користат. Колаче е текстуелен фајл кој Вашиот прелистувач го запишува на медиумот за чување податоци на Вашиот уред.

Имате можност да ги одбиете колачињата преку подесувањата на Вашиот пребарувач. Ако ги одбиете нема да изгубите никаква функционалност на веб страната на nebula.mk.

Податоци за плаќање

Небула Инженеринг од корисниците кои ја користат нејзината услуга може да побара да внесат платежна картичка или информации за кориснички профил се со цел да се процесираат нивното барање за услугите. Информациите поврзани со финансии преку нашиот вебсајт се пренасочуваат до трета страна задолжена за процесирање на трансакции. Овие податоци се енкриптирани и безбедно се чуваат од страна на третата страна која ги исполнува сите услови за процесирање на трансакции. Платежната картичка служи единствено за процесирање трансакции и Небула Инженеринг во ниту еден момент нема пристап до истата.